Breaking News

Штипски „Исар“ се уште нема донесено одлука за цената на водата за пиење


До крајот на неделата ќе се знае дали минимално ќе се зголеми или ќе остане иста цената на водата за пиење за граѓаните и фирмите во Општина Штип.


Новиот вршител на должност директор на ЈП „Исар“-Штип, Трајан Коцев на денешната прва прес-конференција истакна дека извештајот е доставен до Регулаторна комисија, по што ќе видат во која насока ќе се движат.


-Направен е извештај и е доставен до Регулаторна комисија и сега по нивна методолгија ја утврдува цената на водата. Така да за 2023 година ќе видеме кои насоки ќе ги добиеме, вели Коцев.

Регулаторна комисија до штипското комунално претпријатие „Исар“ има доставено тригодишен план, односно секоја година колку треба да биде минималната или максималната цена на водата за пиење. Додека одлуката за зголемување или намалување ја носи комуналното претпријатие.


Коцев на денешната прес-конференција истакна дека ќе се залага за рационализација на трошоците, зголемување на ефикасноста на вработените, со цел какошто вели да се зголеми приходот на ЈП „Исар“.

-Модернизирање на механизацијата, а како граѓанин и корисник на услугите на ЈП „Исар“ знам дека најголемо незадоволство и нервоза кај граѓаните предизвикуваат дефектите на водоводната мрежа, вели Коцев.


Посочи дека негова жeлба ќе биде брзо санирање на дефектите, но и поставување на помошни вентили на водоводната мрежа, со што помал број на улици или населби би останувале без вода за пиење додека се санира одреден дел од мрежата. вдј/цр