Breaking News

ШПАРКАСЕ БАНКА ГИ ПОВИКУВА СТУДЕНТИТЕ ДА ДОСТАВАТ ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ


Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува сите квалификувани студенти за субвенциониран студентски оброк, кои се пријавиле на првиот повик од МОН во периодот од 1 до 10 август или на вториот повик во периодот од 1 до 5 септември, а досега не се контактирани од Банката, да се обратат во која било експозитура на Шпаркасе Банка за да обезбедат точни лични податоци. До овој момент, поради невалидна е-пошта или телефон за контакт, тие не се контактирани.


Апелот е со цел секој студент навремено да го искористи правото на субвенциониран студентски оброк.


За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат на studentimon@sparkasse.mk, или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.

#ВерувајВоИднината