Breaking News

Северна Кореја истрела проектил во водите кон источниот брег на Корејскиот Полуостров


Северна Кореја истрела проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Јужна Кореја.


Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета.


Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање на земјата на „попрактичен и поофанзивен“ начин за да се спротивстави на, како што ја нарече, агресијата на САД. ссм/

фото: МИА архива
Сеул, 13 април 2023 (МИА)