Breaking News

Се прави пристапен пат до земјоделско земјиште кај велешкото село Мамутчево


Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во село Мамутчево, во должина од 750 метри.


Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информираат од Општина Велес


– Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на Општината и земјоделството како важна стопанска гранка.Равојот на руралните средини е неопходен за развој на општината, потенцираат од Општина Велес. ад/цр

Фото: Општина Велес