Breaking News

Сауна и Џакузи: за релаксација, намалување на напнатоста и квалитетно време со најблиските!


Сакаде да се релаксирате, да се опуштите и да уживате, за тоа не ви треба далечно патување или хотелско сместување. Разгалете си ја душата, купете си џакузи или хидро-масажни кади кои овозможуваат состојба на целосно опуштање.


Место каде „се полнат батериите“, интимно катче каде се раѓаат нови идеи, кое ни помага да заборавиме на стресот и на секојдневните нервози кои ни го преокупираат умот. Дополнително редовниот престој во сауна, џакузи или топла бања помага да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести – и има пошироки здравствени придобивки.


Благодарение на компанијата Пирин Експорт докажана во инсталирањето на сауни, достапни ни се и хидро масажни кади од најновата генерација, Платиниум џакузи од брендот Marseille кои се врв во овој сегмент, и кои сега може да ги инсталираме во домот.


Техничко технолошки напредни, со врвен дизајн, бројни функционалности овие хидро масажни кади се дизајнирани да примат пет лица, со две удобни лежалки и три импресивни седишта.  Вклучуваат 58 млазници, интегриран Bluetooth звучен систем, кој е компатибилен со далечински управувач базиран на апликација за Wi-Fi, LED светилки кои ја одветлуваат водата во различни бои, кои овозможуваат и подводно осветлување, што севкупно создава магична атмосфера. Со пумпи од 2 x 2 КС, млазниот притисок е неверојатно моќен, што ја прави бањата фантастична опција за хидротерапија” истакна Васил Филипов сопственик на компанијата Пирин Експорт.

Нема ништо подобро од смирувачка хидро масажа додека ја слушате вашата омилена музика, радио станица или подкаст или дури и книга, додека сте поврзани преку вашиот телефон со Bluetooth уредот вграден во топлите кади.


Џакузито и сауната покрај релаксација имаат и терапевтски цели. Можат да понудат чувство на благосостојба, како и ублажување на болката во мускулите и телото. Одлични се за релаксација, намалување на напнатоста и за поминување на квалитетно време со најблиските. Тивки место за уживање, за сестрана употреба од вечерни забави до семејни моменти.


Во услови кога сме се помалку физички активни, кога имаме се повеќе обврски и стресови, сауната и џакузито во домот може да бидат вистинска алтернатива која ќе придонесе кон нашата благосостојба. Со текот на годините ни се намалува и мотивација за вежбање, а има и такви на пример постарите лица или оние кои имаат хронични заболувања, кај кои вежбањето може да предизвика и болка,  што се очигледни причини кои го ограничуваат вежбањето.

Затоа не губете време, не одложувајте повеќе, и направете го она што го сакате. Животот е премногу краток за да не уживате во него, а времето одвоено за себе е исклучително важно за физичкото и психичкото здравје.

070 393-898 / 071 268-474  info@pirinexport.com.mk