Breaking News

Санкционирани 214 возачи во Скопје, 66 за брзо возење


МВР информира дека во текот на вчерашниот ден скопскиот Секторот за внатрешни работи на територија на град Скопје изрекол вкупно 214 мерки.


– Од изречените мерки, 66 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас и друго, соопштуваат од МВР.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од полицијата. ир/са/


Фото: МИА архива

Скопје, 4 април 2023 (МИА)