Breaking News

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ЗА ЕВЕНТУАЛНИОТ ЛОКАЛЕН РЕФЕРЕНДУМ ВО ТЕТОВО:  ЗОШТО ГИ ПРЕМОЛЧУВАТЕ ПРИЧИНИТЕ ЗАРАДИ КОИ АЛБАНИЈА СЕ ОТКАЖА ОД ЗАБРАНАТА НА ИГРИТЕ НА СРЕЌА?


Во врска со повторното афирмирање на иницијативата за локален референдум во Тетово на кои жителите на општината наводно ќе треба да се изјаснат за дислокација на игрите на среќа од урбаните средини, Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, го истакнува следното:


Жалиме што еден целосно легален економски сектор што вработува 10 илјади луѓе, индиректно помага 54 до 100 илјади работни места во државата, годишно приходува во Буџетот 280 милиони евра, некој упорно го прави таргет на дневно политички манипулации. Особено што дежурните критичари на игри на среќа се служат со гол популизам и прикриваат факти бидејќи не им одат во прилог. Имено, инијаторите на локалниот референдум треба на јавноста да и соопштат дека Албанската Влада се откажа од забраната на игрите на среќа, бидејќи нивниот Премиер Еди Рама соопшти дека за време на забраната како печурки никнале нелегални играчници. Притоа, корисно е да ја направат достапна информацијата колку жители на Косово секојдневно играат игри на среќа во Општина Тетово.


Паралелно ја користиме приликата да потсетиме дека наводното движење „Антикоцкање“ се’ уште не одговори на следните прашања: Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на пропагандните материјали против игрите на среќа? Чии бизнис интереси се кријат зад нивните активности? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават десетици илјади свои сограѓани без егзистенција?

 Се додека не и одговорат на јавноста за нас наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидете група „ЗА коцкање на црно“!