Breaking News

Русија и ОН разговараат во Женева за продолжување на рокот на договорот за жито


Високи претставници на Русија и на Обединетите нации денеска во Женева почнаа разговори за продолжување на рокот на договорот за извоз на жито од Украина, кој истекува на 18 март.


Разговорите се одржуваат во европското седиште на светската организација.


Руската делегација ја предводи заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин, а разговорите во име на Светската организација ги води заменик-генералниот секретар на ОН, Мартин Грифитс.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата недела ги опиша преговорите за продолжување на рокот на договорот за жито како комплицирани.


Договорот, склучен во Истанбул под покровителство на Обединетите нации, овозможи извоз на украинско жито, кое е од клучно значење за безбедноста на храната во светот. јт/

Женева, 13 март 2023 (МИА)