Breaking News

Романија ќе инвестира рекордни 10 милијарди евра за модернизација на вооружувањето


Парламентот во Букурешт одобри проект за модернизација на вооружените сили на Романија вреден повеќе од 10 милијарди евра, а програмата предвидува набавка на системи за ПВО, оклопни возила, тенкови Абрамс, самоодни хаубици и оружје за воените авиони Ф-16. 


„Романија неодамна ја модернизира својата воздушна одбрана со купување на системот ‘Патриот’ со голем дострел и сега планира да купи 41 ракетен систем за ПВО со краток и многу краток дострел во вредност од 4,2 милијарди долари. Првата фаза започнува оваа година и во текот на следните осум години ќе бидат инвестирани 2,1 милијарда“, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа, пренесе Бета. 


Значајна инвестиција е планирана за набавка на борбени возила на пешадија, а за овие потреби ќе се потрошат три милијарди евра за 298 возила. Во првата фаза, која ќе трае во наредните девет години, планирано е да се купат 246 возила за 2,5 милијарди евра. паг/

Фото: МИА Архива


Букурешт, 7 април 2023 (МИА)