Breaking News

Револуција во печатењето со СТЕРНА: Вашиот пат кон модерна, еко и дигитална ефикасност


„СТЕРНА ДОО Скопје“ повеќе од 30 години работи на Македонскиот пазар за продажба, изнајмување и одржување на опрема за печатење, фотокопирање и скенирање и е официјален RICOH авторизиран дистрибутер за територијата на Р. Македонија.


СТЕРНА ДОО Скопје во Р. Македонија овозможува да бидат достапни сите иновации и најнапредни технолошки достигнувања од оваа индустрија преку производителот RICOH, нуди опрема која е модерна, а истовремено претставува еколошко, економично и ефикасно решение за бизнисите.


Долгото искуство на пазарот ја прави СТЕРНА доверлив партнер на кој може компаниите да се потпрат при нивниот важен сегмент во ИТ инфраструктурата – печатењето, фотокопирањето и скенирањето на документи. Со повеќе од три децении искуство, СТЕРНА не само што ги преживеа промените во светот на печатењето, туку излезе и посилна, со длабоко разбирање за менливите потреби на бизнисите и решенијата во дигитализацијата.

Моќта на RICOH технологијата


Партнерството на СТЕРНА со RICOH, познатиот светски лидер во иновативни канцелариски решенија, на клиентите им дава уникатна предност во индустријата пред конкурентите. Посветеноста кон одржливоста и технолошка иновација на RICOH, совршено се вклопува со мисијата на СТЕРНА да ги оспособи бизнисите во Македонија да имаат одржливи и најсовремени инфраструктури за печатење, фотокопирање и скенирање.

Печатарите како и мултифункционалните уреди на RICOH се дизајнирани да бидат еколошки, како и да ја зголемат продуктивноста на бизнисите. Со карактеристики како штедење на електрична енергија, намалена употреба на хартија и минимални емисии, овие печатари помагаат компаниите да постапуваат еколошки одговорно и да штедат на оперативните трошоци, а нивните вработени да имаат повеќе време да се посветат на важни деловни активности!


Дополнително, со Аудио и Визуелните Системи на RICOH во вид на интерактивни дисплеј табли кои се дизајнирани за бизнис, а креирани за едукација, се овозможува на бизнисите брза размена на идеи и соработка на проекти во реално време од која било локација на планетата. Во светот на дигитализација RICOH обезбедува и CYBER SECUTITY софтвер со кој ќе имате максимална заштита на вашите податоци.

Предности на модерните RICOH мултифункционални печатари од СТЕРНА


Подобрена ефикасност: Мултифункционалните печатари од брендот RICOH гo оптимизираат целиот процес за управување со документи. Овозможуваат бизнисите да печатат, копираат и скенираат, се од ист уред, намалувајќи го големиот број на уреди и поедноставувајќи ги работните процеси.

Штедење на трошоци: Штедењето кое го обезбедуваат печатарите од СТЕРНА има двоен ефект. Прво, дизајнот со енергетска ефикасност ги намалува трошоците за електрична енергија. Второ, намалената употреба на хартија ги намалува трошоците, а исто времено е и еколошки одговорно. Бизнисите можат и да заштедат на одржување и потрошни материјали, бидејќи RICOH печатарите се препознатливи по својата издржливост и ценовно-ефикасен начин на работа.

Еколошка одговорност: Бизнисите во Македонија, со помош на СТЕРНА, можат значително да ја намалат емисијата на CO2 врз животната средина. Префрлувајќи се и користејќи ги новите и модерни IM и IMC серии на RICOH печатари се обезбедува јаглеродно неутрално печатење со што се придонесува за почиста околина. Воедно, СТЕРНА користи оригинални RICOH тонери кои се далеку поеколошки и побезбедни од тонерите кои се со непроверен квалитет и истите придонесуваат за долготрајност на опремата.

Дигитална трансформација: Во денешниот свет, дигиталниот пристап на работа е оној кој треба да ги движи компаниите напред. RICOH мултифункционалните уреди, печатарите како и Аудио и Визуелните Системи обезбедени преку СТЕРНА овозможуваат брза интеграција со постоечките дигитални платформи, олеснувајќи бизнисите лесно да се префрлат во дигиталната ера.

Квалитет и доверба: RICOH е синоним за квалитет, а СТЕРНА се грижи бизнисите да имаат врвни решенија за печатење, копирање и скенирање. Покрај продажбата или изнајмувањето на опрема за печатење СТЕРНА вложува голема енергија на одржувањето на уредите и инфраструктурата кај бизнисите и навремено ги снабдуваат со оригинални RICOH еко тонери.

 

Зошто да ја изберете СТЕРНА?

Ангажманот на СТЕРНА кон своите клиенти со обезбедување на вредност, одржливост и ефикасност, ги одделува од другите конкуренти на пазарот за вакви решенија. Тие ги разбираат уникатните потреби на компаниите во Македонија и нудат персонализирани решенија за нив.

Во нивното портфолио има над 700 активни клиенти.

Зоран Вељановски, сопственик и генерален директор на СТЕРНА, ги истакнува услугите кои и нудат: продажба, изнајмување и одржување на RICOH решенија за печатење како и RICOH Аудио и Визуелни Системи. Според Вељановски: „Нашиот целосен пристап кон техничките решенија се проширува многу подалеку од самата продажба на уреди. Ние нудиме решенија за печатење кои одговараат на специфичните потреби на секој клиент. Без разлика дали сакате да инвестирате во нови мултифункционални печатари преку купопродажба; да изнајмите мултифункционални печатари; или пак да го обезбедите одржувањето на постоечката опрема, СТЕРНА секогаш ќе обезбеди експертиза за вашето работење. Тимот од експерти е секогаш подготвен да понуди поддршка на компаниите да го изберат правилниот мултифункционален уред и печатар или инфраструктура за најоптимално користење на ресурсите. Со СТЕРНА, клиентите не добиваат само уред, туку и партнер во нивниот пат кон модернизација и интеграција во дигиталниот свет како и намалување на трошоците.“

Приклучете се на револуцијата во печатењето и влезете во светот на дигитализацијата

Во време кога бизнисите се обидуваат да станат поеколошки и поефикасни, СТЕРНА во соработка со RICOH, нуди совршено решение. Бизнисите во Македонија сега имаат можност да го еволуираат своето печатење, копирање и скенирање со модерна, еколошки одговорна и ефикасна опрема.

Избирајќи ја СТЕРНА како ваш партнер во оваа трансформација, не само што штедите пари, туку и придонесувате кон подобра и еколошка иднина.

Време е да направите трансформација на вашата инфраструктура за печатење и да го интегрирате вашиот бизнис со RICOH мултифункционалните уреди и печатари како и со RICOH IWB-Интерактивните табли достапни преку СТЕРНА!