Breaking News

Разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски


Владата денеска на седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкциите по бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово.


Смената на Спасовски вчера ја најави премиерот Димитар Ковачевски, кој во одговор на новинарски прашања рече дека не е задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции.


-Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на Управата, рече Ковачевски.

Покрај Спасовски, за бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот. Осум дена пртвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.


Вонредниот инспециски надзор направен на 13 јануари покажа низа неправилности при спроведувањето на Мемети. дма/бак/