Breaking News

Рамстор со уште еден маркет во Општина Аеродром


Денес, 26.01.2024 „Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе Експрес маркет“ во скопската oпштина Аеродром, поточно во населбата Мичурин близу ООУ “Блаже Конески”.


Во новоотворениот  и модерно дизајниран маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, леб и пекарски производи, како и повеќе од 2.000 други производи. Промоциите, продажните акции, подароци и гратис производи го одбележија отвoрањето на новиот Рамстор Експрес маркет кои ќе траат до 4ти Февруари, а покрај големите попусти потрошувачите можат да ги искористат и дополнителните бенефиции при пазарувањето со Рамстор клуб картичката.


Во „Рамстор Експрес“ ветуваме брзо пазарување, позитивно шопинг искуство и големо портфолио на производи со висок квалитет и одличен избор.  

Од „Рамстор“ најавуваат продолжување на  инвестицискиот пораст и развој во земјава, преку нови активности и отворање нови маркети.