Breaking News

Публика од пет континенти ужива во филмовите и сериите од продукцијата на Телеком Србија


Милионска публика на пет континенти ужива во филмовите и сериите, во кои улогите ги толкуваат бројни познати актерски имиња од Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска и  други држави од регионот, а кои во изминатите години произлегоа од продукцијата на Телеком Србија.


Низа наслови се продуцирани меѓу кои најголема популарност во регионот достигнаа „Беса“, „Јужен Ветар“, „Државен службеник“, „Црна свадба“, „Златно момче“ или вкупно 55 филмови и серии кои сочинуваат 90 сезони вистинско уживање во квалитетна филмска продукција. Токму поради квалитетот и одличната содржина дел од овие серии со својата популарност ги надминаа границите на Балканот и ја освоија публиката низ светот.


Телеком Србија продукцијата неодамна се пофали дека сериите во кои ужива телевизиската публика во регионот сега уживаат и љубителите на одлични серии и во држави на пет континенти низ светот.

„Конкретно, ‘Државен службеник’, како наша најпродавана серија, ја откупија платформите Disney+ од Индија, GloboPlay од Бразил, Somos Next и Flix Latino за подрачјето на САД и Порторико, Pop TV, Brio каналот и Voyo од Словенија, како и RTL и Play Premium платформите од Хрватска“, велат од компанијата.


Одличните серии кои ги продуцира Телеком Србија се достапни и за македонската публика која преку сателитската телевизија на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ добива пристап до Superstar TV, телевизиски канал на кој што ексклузивно се прикажуваат премиерно сите од низата хит серии на Телеком Србија.

Токму поради ова Superstar TV е еден од најгледаните телевизиски канали во регионот.


„Уште на самиот почеток целта ни беше од Суперстар да направиме српски HBO. Според нас, а ни се чини и таков е судот и на гледачите, успеаваме во тоа. На овој канал секој месец премиерно се пуштаат нови наслови од најдобрите домашни серии, а секој ден премиерно се емитува нова епизода. Освен во Србија, меѓу најгледаните канали е и меѓу нашите корисници во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, велат од компанијата.

Поради одличните резултати во делот на продукција и поддршката од публиката, Телеком Србија најавува амбициозни планови во овој сегмент. По освојувањето на Балканот, Австрија, Швајцарија и Германија стратегијата на компанијата е со оригиналните серии и приказните кои тие ги раскажуваат преку одличната глума на најпознатите актерски имиња од Србија, Македонија и регионот да го освојува и пазарот во САД.