Breaking News

Прогласување на победниците на првата Академија на Шпаркасе Банка „Млад банкар“


На 22.3.2024 г. во Центарот за обуки на Шпаркасе Банка се одржа завршната церемонија од Академијата на Шпаркасе „Млад банкар“, каде што претставници на Банката им доделија признанија и награди на најуспешните учесници во Академијата.


Шпаркасе Банка како банка што верува во иднината, исклучителен фокус става на младите и секогаш се труди да биде присутна и достапна за да ги задоволи нивните потреби. За таа цел, во рамките на платформата #кариерабезбариера – Шпаркасе Банка ја организираше Шпаркасе академијата „Млад банкар“ во периодот од декември 2023 г. до март 2024 г., каде што преку спој на едукација и забава, сите учесници имаа можност да го надоградат и да го усовршат своето знаење, да развијат најразлични индивидуални вештини и да изградат работни навики.


Покрај банкарското работење, на Академијата учесниците имаа можност да се запознаат со корпоративната култура на Банката, како и да присуствуваат на предавања од банкари, професионалци во својата област. Дел од темите што беа опфатени се: креирање CV, продажни техники и вештини, корпоративни комуникации, развој на производи, личен брендинг и сл.

Наградите и признанијата што ги добија најуспешните учесници се доделија врз основа на претходно изработени и презентирани иновативни и креативни проекти на кои младите работеа во групи, а кои беа презентирани пред тим составен од претставници на Банката.


Шпаркасе Банка и во иднина ќе продолжи преку организација на слични вакви настани да им овозможува на младите потенцијални кадри да го искусат банкарското работење низ интерактивни и реални програми, кои понатаму ќе им обезбедат полесен пристап во светот на бизнисот и ќе ги подготват за пазарот на трудот.

Се гледаме на следната дестинацијa – Охрид, на Vibe on – Summer Academy.