Breaking News

Проф. д-р Светозар Антовиќ е добитник на наградата „Маж на годината“ за 2023 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин. 


Вчера, по 6ти пат се одржа манифестација „Мажи на годината“ настан поддржан од Адмирал, во DoubleTree by Hilton- Скопје, на кој присуствуваа голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, дипломатијата и останати гости од различни сектори. Во гламурозна атмосфера, во присуство на оваа публика беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележаа 2023 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од различни институции, новинари, претставници на бизнис секторот, титулата „Маж на годината 2023“ ја понесе Проф. д-р Светозар Антовиќ.


Проф. д-р Светозар Антовиќ е специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот Факултет како и дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на црн дроб во Македонија. Заедно со својот тим, Љубомир Огненовиќ-Научен соработник и Асистент Ќемал Русити ја понесоа и наградата Маж на годината со придонес во општеството.


Наградата „Маж со трајни вредности“ ја доби режисерот Милчо Манчевски, „Маж со најголем придонес во културата“ му припадна на актерот Сашко Коцев, „Маж странец на годината“ ја доби Проф Д-р Александар Николиќ, Специјалист по Кардиохирургија во Аџибадем Систина, наградата „Маж со најдобар стил“ ја доби оперскиот пејач и професор Иван Наумовски.

Титулата „Маж менаџер на годината“ му припадна Даниел Воиновски кој беше воедно беше избран и во категоријата „Хедонист на годината“, Генерален Директор на “ЕУРОИМПЕКС” и официјален увозник на “ПЕЖО и Опел”.


За наградата „Маж со најголем придонес во спортот“ беше избран нашиот одбојкар Никола Ѓоргиев.

Христо Кондовски, Претседател на одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“, додека Генралниот менаџер на Ананас.мк – Денис Ампов ја доби наградата „Млад менаџер на годината“. Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ јавноста го избра Божидар Божиновски, писател, сценарист и активист на социјалните медиуми.


„Маж на годината според организаторите“,беше доделена на образовната институција Универзитет Скопје, на чело со Проф. Д-р Aце Миленковски.
Изборот „Мажи на годината“ прерасна во традиција која се одржува секоја година и има за цел да ги награди оние мажи кои на било каков начин дале придонес во нашето општество и се мотивација за идните генерации.

За забавниот дел беа задолжени пејачките Калина и Полина, како и добитникот на наградата за Маж со најдобар стил, оперскиот пејач Иван Наумовски кој изведе неколку музички нумери на пијано.


Настанот го водеше нашата добро позната ТВ водителка од утринската програма на МТВ, Јована Костадиновска.

По официјалниот дел и свеченото доделување на наградите настанот се затвори со коктел забава каде гостите ги забавуваше диџеј.