Breaking News

Приведен тетовец кој се сомничи дека извршил кражба во тетовска фабрика


Ноќеска околу 03:30 часот на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот тетовец М.П.


Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека од кругот на тетовска фабрика одзел повеќе производи, кои биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.


По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/бак/

Скопје, 8 март 2023 (МИА)