Breaking News

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан


Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“.


Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, а преку видео линк ќе се обрати Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија. вг/лв/


Скопје, 25 април 2023 (МИА)