Breaking News

Презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска


Во КСП Центар – Јадро денеска ќе се одржи презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска.


Оваа презентација е дел од новиот проект „Arts Hub“ кој ќе се реализи во периодот 2023/24 година, а започнува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.


Изложбата „Човеколики неволји“ – Изложба на партиципативен ументички проект (видео, звучен пејзаж, инсталација) која беше отворена вчера, публиката ќе има можност да ја погледне секој ден до овој петок (17.02.2023) од 10 до 20 часот, .

Од КСП Центар – Јадро посочија дека Човеколики неволји е партиципативен уметнички проект кој го препознава пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот и се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта.


Проектот го реализираше уметницата Ивана Мирчевска, а учествуваа: Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.см/вг/