Breaking News

Претставниците на УНЕСКО, Бернската и Рамсарската конвенција на средба со локалната власт во Струга


Претставниците на Секретаријатот на Бернската конвенција одговорен за заштита на природното наследство, на Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење (Рамсарска конвенција) и на УНЕСКО денеска во Општина Струга треба да имаат средба со градоначалникот Рамис Мерко и претставници на локалната власт.


На средбата, како што информираше вчера на прес-конференција во Охрид, консултантот за заштита на природните подрачја при Бернската конвенциј Андреј Совинц ќе се обидат да појаснат дека за УНЕСКО, за Бернската и за Рамсарската конвенција Струга е дел од Охридското Езеро и не е различно подрачје.


– Ние ќе се обидеме да објансиме дека може да има развој, може да има и туризам. Но, ќе мора сите ние што се занимаваме со тоа, подрачјето да опстане, како исклучително природно и културно наследство да најдеме некој компромис со оние што гледаат напредок само во масовен туризам или градење, рече Совенц.

Според него, проблемот со дивоградбите во Струга е најголем, и една од препораките, подвлече, ќе оди во правец дека треба да се најде некој кој ќе управува на терен.


– Не правење нови планови, нови комисии, кои ќе седат во канцеларии. Не, потребно е едно тело, кое ќе управува со светското наследство во регионот. Имате најдобри планови, но се е на хартија, мора да се имплементира. И потребно е воспоставување вистинска врска меѓу просторно планирање и управувањето со тие подрачја, додаде Совенц.

Градоначалникот Рамис Мерко во повеќе наврати изјавуваше дека во Струга нема дивоградби, туку тоа биле доградби од типот на скали, настрешници и слично. сс/цр/


Фото:МИА

Струга, 27 април 2023 (МИА)