Breaking News

Пред австриската амбасада во Скопје кренато украинското знаме во знак на солидарност со украинскиот народ


Во знак на солидарност и единство со украинскиот народ, денес на 24 февруари 2023 година, амбасадорот Георг Вуцас, полициското аташе Манфред Јурчевиќ и аташето за социјални работи Харалд Фугер го кренаа украинското знаме заедно со австриското:


„Бидејќи ние – Австрија и Украина – сме семејство! Ние ги браниме мирот, слободата, демократијата, владеењето на правото“.


Во Европската унија ние сме семејство на овие фундаментални вредности, постигнати во различен степен, но сите се стремиме кон нивно што е можно поцелосно остварување. Против секојдневните напади врз овие вредности онлајн и офлајн, нашата најдобра одбрана е да застанеме обединети како општество зад овие вредности.

Украина се поистоветува со овие вредности и затоа се стреми да и се приклучи на Европската унија, која на Украина и додели кандидатски статус во јуни 2022 година. Украина и нејзините граѓани секојдневно ги бранат овие вредности, ризикувајќи ги своите животи, не само за себе и својата земја, туку и за нас овде во Северна Македонија и за цела Европа.


Но, дали руската воена на агресија и донесе повеќе мир на Украина? Или пак, нелегалните лажни референдуми во четири делумно окупирани области, на кои теоретски не можеа да учествуваат ниту сите жители, доведоа до поголема демократија во овие делови на Украина? Или присилните депортации и киднапирањето на малолетници ја зајакнаа слободата на териториите окупирани од Русија? Или воените злосторства извршени таму од страна на руските окупаторски
сили го промовираат владеењето на правото?

Руската пропаганда дури сака да веруваме дека одговорноста за инвазијата на 24 февруари 2022 година лежи исклучиво кај Западот и Украина. Вистината е дека Русија ја подготвувала оваа инвазија во текот на 2021 година, ескалирајќи ја војната што започна осум години претходно со окупацијата на Крим и делови од Донбас и дека нападот е насочен кон цела Европа,
надминувајќи ги границите на Украина. Или како поинаку да се објасни дека пред една година складиштата за гас на Газпром во Европа беа практично празни? Сето тоа беше планирано долго пред инвазијата, не е случајно!


На 24 февруари, ние не само што ја одбележуваме годишнината на херојската одбрана на Украина на нашите фундаментални заеднички вредности на мирот, слободата, демократијата и владеењето на правото. Како што е спомнато, не смееме да го занемариме фактот дека и ние што сме надвор од Украина, исто така сме мета на хибридната војна на Русија, од кризи за снабдување со енергија и основна храна како пченица и соја, до сајбер војна, до теории на заговор и пропаганда. Нашата солидарност и единство во Европската унија и со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, ја зајакна нашата отпорност во вакви кризи.

Нашата заедничка цел мора да остане дека поредокот заснован на правила во Европа, како што е вграден во сите основни документи на ОБСЕ, ќе опстои и дека руската воена агресија нема да доведе до успех. Мотото на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ тоа најдобро го изразува: Се работи за луѓето, што особено се однесува на мирот, слободата, демократијата и владеењето на правото.


Австриска Амбасада во Северна Македонија