Breaking News

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): втор квартал на 2023 година


Во вториот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), изнесуваат 196.853 милиони денари и се зголемени за 8.967 милиони денари, на квартално ниво. Анализата на учеството на потсекторите на ОФИ во вкупните средства на ОФИ покажува дека пензиските фондови имаат најголем удел од 65,4%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 17,3%.


 Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност  (учество од 51,2% и 24,9%, соодветно), а на страната на обврските, најголем дел се однесува на технички резерви на осигурување и капитални сметки (учество од 56,6% и 33,7%, соодветно).


 За повеќе информации во врска со позначајните движења кај ОФИ:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2023/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q2_2023_mk.pdf.