ПОВТОРНО ПРЕД УСТАВЕН СУД ОСПОРЕНИ ЗАКОНИТЕ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ И ЗА ИЗВРШУВАЊЕ СО КОИ ЗАСТАРУВААТ ДОЛГОВИТЕ


Физичкото лице Предраг Баришиќ до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член два (2) и четири (4) од Законот за облигациони односи со кој застаруваат побарувањата на должниците кои се предмет на извршување. Тој смета дека овие измени се спротивни на Уставот и дека долговите и извршувањето не треба да застарат. Оваа инцијатива доаѓа после 10 јануари, кога Судот имаше седница и донесе одлука да не поведува постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, пишува Пари.


Баришиќ од Судот побара да утврди дека членот два (2) од Измените на Законот е не се уставни и затоа побарувањата да не застаруваат за пет години, а извршувањето за 10 години.


Инаку, Уставниот суд на седницата на 10.01.2024 година кога реши да не поведува постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, според неофицијалните проценки, придонесе дефинитивно да застарат околу 350.000 предмети кои до 2013 година се дадени на извршување од страна на компаниите, но и на граѓаните. Според информациите, одлуката не е донесена едногласно, а дел од уставните судии сметале дека измените на законите за облигациони односи и за извршување, со кои предметите застаруваат после 10 години и каматата не може да го надмине износот на главниот долг, е против уставна.

За целиот текст на Пари