Breaking News

Повеќе стимулативни мерки за младите од Крива Паланка усвоени од Советот


Со одлука на Советот на Општина Крива Паланка усвоени се нови мерки за субвенционирање на младите, студенти и млади-невработени лица од општината.


Новите сет мерки се воведуваат првпат од оваа година и ќе се финансираат од буџетот за 2023.


-Младите се постојано во фокусот на нашата работа бидејќи тие се иднината. Моите заложби заедно со Советот на Општина Крива Паланка, за поддршка на младите продолжуваат преку најновите мерки: субвенција за студенти-бруцоши за купен дигитален уред во тековната академска 2022/23 година, субвенции за млади-невработени лица до 29 години, за набавка на дигитален уред и согласност за бесплатни термини за користење на спортски објекти од страна на младите, кои е најважно да бидат здрави и да формираат здрави животни навики, посочи градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Советот на Општина Крива Паланка ги увои одлуките за горенаведените намени, определен е максимален износ на финансии за поединечна субвенција и максимален број субвенции за доделување, а сите заинтересирани можат да се обратат за информации кај овластениот службеник за млади во општината, Даниела Милошевска.


Одлуките се објавени на општинската веб-страница каде детално се опишани условите, критериумите и начинот на користење на наведените мерки: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/31110.

Општина Крива Паланка во 2023 година првпат воведе субвенции за набавка на велосипед за млади, еднократна парична помош за сите матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот. ид/мд/