Breaking News

Повардарската Епархија започна со одбележувањето на Богојавление-Водици во Велес


По повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, Повардарската Епархија во храмот Св. Вознесение Христово „Св Спас“ во Велес од утрово од 8:30 часот има Света Златоустова Литургија на која чиноначалствува неговото „Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел. Потоа ќе тргне поворка – Литија од црквата „Свети Спас“ до Мало Мовче.


Големиот богојавленски водосвет по традиција е на Мало Мовче е со почеток 11:00 часот, по што светиот крст околу 11:30 часот ќе биде фрлен од владиката Повардарски Агатангел, а во претходно осветените води на реката Вардар.


Пријавувањето и лекарските прегледи на сите кандидати во Епархијата Повардарска е во тек, информира за МИА Никола Цилаков од Епархијата. Досега се пријавени околу 80-тина кандидати, кои ќе влезат во студените и осветени води на реката Вардар, а најсреќниот од нив ќе го фати крстот.

Тој потоа ќе добие подароци од Повардарската Епархија, како и од Општина Велес, ЈКП„Дервен“ и други.


Инаку, неделава на барање на Повардарската Епархија екипи на ЈКП„Дервен“ темелно ги исчистија бреговите на Вардар од секаков вид на комунален смет, а со цел безбеден влез на сите кандидати во водите на Вардар. ад/дма/