Breaking News

ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА МЕГУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС„ВЕЛЕС 2023“


Стрип центар на Македонија во Велес објави последен повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста. Како што извести Томе Трајков –програм координатор на Центарот , и оваа година ја следи голема масовност во пријавувањето, што доликува на најстарата и најреномирана стрип манифестација во државата. Според критериумите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички, а доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично. Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Според организаторот, исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови. На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…) Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција. Тричлена интернационална комисија ќе направи избор и ќе ги додели следните награди: • Прва награда, 300 ЕУР – “Златен стрип”, изданија и диплома за прво место. • Втора награда “Сребрен стрип” и диплома за второ место. • Трета награда,”Бронзен стрип” и диплома за трето место. • Награда за најдобро сценарио, диплома. • Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома. • Други специјални награди. Стриповите треба да се пратат до 10 август оваа година на адресата на Стрип Центар на Македонија – Велес или на електронската адреса stripkonkurs@gmail.com. Овој конкурс е во склоп на  20 интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2023-5 та мегународна стрип колонија  ,финансиски поддржан од страна на Министерството за култура на Р.С Македонија и општина Велес.