Breaking News

Поскапува бензинот БС-95, поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува Екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.


Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,5 денари.


Поскапува и Мазутот М-1 НС за 0,330 денари и новата цена ќе изнесува 41,409 денари за килограм.

Не се менуваат цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и литар и натаму ќе се продава за 87 денари, односно 74 денари.


Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 10 април.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784 проценти, кај дизелот за 0,639 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211 проценти и кај мазутот има зголемување за 1,245 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164 проценти.лв/са/
Скопје, 18 април 2023 (МИА)