Breaking News

Полска инсталира електронско обезбедување на границата со руската енклава Калининград


Министерот за внатрешни работи на Полска Мариуш Камински најави изградба на електронски систем за заштита долж границата со руската енклава Калининград за да се спречи илегално преминување на мигранти, за кое Варшава вели дека е оркестрирано од Русија.


Новиот систем ќе биде додаден на бариерата од бодликава жица што се гради на границата долга 200 километри.


„Ќе имаме целосен надзор што се случува на границата“, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот Камински.

Проектот, чија вредност се проценува на 80 милиони евра, предвидува поставување на 3.000 камери и детектори за движење.


Метална бариера висока пет метри, исто така двојно зголемена со електронски систем, веќе постои долж границата на Полска со Белорусија.

Во Полска се уште е забрането луѓе да се приближуваат поблиску од 200 метри до таа граница. паг/


Фото: ЕПА

Варшава, 19 април 2023 (МИА)