Полска е против стратешката автономија на ЕУ од САД и е за посилно партнерство


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска се изјасни против идејата Европската унија да развива стратешка автономија од САД, и наместо тоа се залагаше за градење уште посилно стратешко партнерство и предупреди дека некои западни лидери сè уште сонувааст за ризична соработка со сите, вклучувајќи ја и Русија и некои сили на Далечниот Исток.


– Ние предупредуваме на тоа. Сакаме да живееме во мир со сите, тоа е јасно. Но, наместо да развиваме стратешка автономија од САД, предлагам да градиме стратешко партнерство со САД. Кога за помалку од две години, Полска ќе стане претседавач со Трансатлантското партнерство на ЕУ, сојузот на ЕУ со САД ќе го поставиме како најважна точка на тоа претседателство, изјави денеска Моравјецки пред да замине во посета на Вашингтон.


Полскиот премиер истакна дека стратешкиот сојуз со САД за Полска е „апсолутна основа на нејзината безбедност“.

– За време на мојата посета на САД, имам намера да потврдам и договорам договори за оружје кои се основата на нашата безбедност во иднина. Целта на посетата е и зајакнување на полско-американските економски врски. Американците тука инвестираа 25 милијарди долари, стотици илјади работни места, а сакам да создаваме уште десетици илјади работни места преку развојот на нашата соработка во областа на нуклеарната енергија, рече Моравјецки.


Една од главните точки на дневниот ред на разговорите со американската потпретседателка Камала Харис е помошта за Украина.

– Да го замислиме несреќното сценарио Украина да биде поразена. Не дај Боже, но ако се случи такво нешто, економскиот развој на Полска сигурно ќе биде многу засегнат, ќе го имаме следниот бран на миграција, многу помалку западни инвеститори. Затоа во наш интерес е да го зајакнеме сојузот со САД и Западна Европа да и помогнеме на Украина, рече тој.


Тоа е една од целите на мојата посета на САД, да побарам помош за Украина за Полска да биде безбедна“, рече Моравјецки.

Францускиот претседател Емануел Макрон зборуваше за потребата од „стратешка автономија“ од САД по посетата на Кина овие денови, кога во врска со тензиите околу Тајван рече дека Европа е во голем ризик да биде вовлечена во кризи кои не се нејзини, што би ја оневозможило да развива своја стратешка автономија.


Полскиот премиер посетата на САД ја завршува в четврток. јт/

Фото: МИА архива
Варшава, 11 април 2023 (МИА)