Погледнете ја „Warszawianka“ – првата оригинална серија на SkyShowtime од Централна и Источна Европа


Првите две епизоди од „Warszawianka“ се веќе достапни на SkuShowtime. Новите епизоди од серијата во која игра култниот полски актер Борис Шик ќе бидат достапни секој нареден понеделник. „Warszawianka“ е првата оригинална продуцирана содржина на SkyShowtime од Централна и Источна Европа. Серијата ќе биде премиерно достапна на сите 22 пазари каде што е достапна стриминг платформата SkyShowtime.



Денеска, првата оригинална полска серија на SkyShowtime ќе дебитира на стриминг платформата. Серијата има 11 епизоди по со времетраење од по 40 минути, а новите епизоди ќе бидат достапни на SkyShowtime секој понеделник. „Warsawianka“ ќе биде премиерно достапна на сите 22 пазари каде е активна платформата SkyShowtime.

„Warsawianka“ е фиктивна драма која ги следи трагикомичните авантури на 40-годишниот плејбој Франек Чулковски (таканаречен „Чули“), брилијантно одигран од популарниот полски актер Борис Шик.


Чули е длабоко комплексен карактер – талентиран писател кој има почувствувано успех, но и неуспех, и сега се наоѓа заробен помеѓу неговите лични борби и социјални очекувања. Серијата ги обработува некои од најинтересните карактери кои се појавуваат во животот на Чули. Таа ги следи неговите авантури, додека тој се обидува да го пронајде значењето на сопственото постоење во модерниот свет.

„Како стриминг сервис создаден специфично за Европа, SkyShowtime е посветен на автентичните приказни кои ја забавуваат јавноста и носат возбуда на сите страни од светот. Многу сме возбудени што конечно ќе имате можност да ја погледнете Warszawianka – нашата орва оригинална серија на полски јазик. Брилијантно напишана од Јакуб Жулчик, а со талентираниот Борис Шик во главната улога, Warszawianka претставува врвна забава за сите љубители на урбаните градски приказни. Таа е доказ за возрасно и квалитетно раскажување на приказна, кое со гордост го промовираме на нашата платформа“, изјави Извршниот директор на SkyShowtime, Монти Сархан


„Ова се луѓето кои додаваат боја во нашите животи – но се наоѓаат себеси живеејќи на работ на темното црнило. Warszawianka е приказна за Франек ‘Чули“ – 40-годишник кој и понатаму е тинејџер. Тој е најдобриот и најлошиот татко во светот. Тој е слаткоговорник кој е опседнат со градскиот стил на живот, но и добар човек кој постојано прави лоши одлуки. Тој е човек кој е уште заљубен, но нема идеја како да сака. Постојат само неколку момци како Чули и верувам дека на гледачите оваа серија ќе им биде многу интересна баш поради тоа што ќе можат да пронајдат сличности во неговиот лик со луѓето кои ги познаваат во вистинскиот живот. SkyShowtime демонстрираше силна посветеност во поддршка на оваа серија и затоа претставува идеален дом за нашата Warszawianka“, вели Јакуб Жулчик, сценарист и познат писател од Полска.

Оригиналната серија на SkyShowtime, „Warszawianka“ е режирана од Јачек Боркуч и напишана од Јакуб Жулчик. Пјотр Узнански се јавува како кинематограф на серијата. Главната улога ја има Борис Шик, а во другите улоги се појавуваат уште Кристина Јанда, Јержи Сколимовски, Илона Островска, Пјотр Полак, Јадвига Јанковска-Чиешлак, Зофија Вихлач, Паулина Галашка, Јан Пешек, Маја Панкиевич, Маријана Зидек, Јакуб Вјечорек, Марта Шишлович, Томаш Влосок, Мачин Јанушкиевич и Милена Гождзиела. The Producer is Izabela Łopuch and the line producer is Andrzej Besztak. Продуценти на серијата се Изабела Лопух и Анджеј Бежтак.
Серијата е снимена во Република Полска со поддршка обезбедена од Актот за финансиска поддршка при Аудио-визуелна продукција од Полскиот филмски институт, а со средства од Министерството за култура и национално наследство.
SkyShowtime услугата е достапна на корисниците на SkyShowtime апликацијата на Apple iOS, tvOS, Android уреди, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку вебсајтот: www.skyshowtime.com. Цената за SkyShowtime е 5,99 евра месечно, со седумдневен пробен период и можност да се откаже во секое време.


За повеќе детали, ве молиме посетете ги:
Веб страна: www.skyshowtime.com
Редакција: corporate.skyshowtime.com
LinkedIn: www.linkedin.com/company/skyshowtime
Twitter: www.twitter.com/SkyShowtime

Контакти:
Agnieszka Pelc-Sławińska – Регионален PR и менаџер за комуникации, SkyShowtime
agnieszka.pelc@skyshowtime.com

Кирил Зарински
kiril.zarinski@publicis.com.mk