Breaking News

Подарете иновативни бизнис-подароци


Новогодишните празници и јануари се идеалното време за подарување бизнис-подароци. Без разлика дали сакате да им подарите нешто на своите вработени или на своите бизнис-соработници, потребен ви е идеален подарок. Одбирањето не е секогаш лесно бидејќи секој има свој стил, вкус и идеја за тоа што е соодветно.


Со нашите колеги поминуваме голем период од денот и со нив постигнуваме голем дел од најважните успеси во нашата кариера. Убаво е да ги изненадиме со прекрасни подароци, кои ќе послужат како спомен за заеднички постигнатите успеси.


Бизнис-соработниците, од друга страна, се личности што ценат добар гест од своите бизнис-партнери, па соодветниот подарок може да биде уште поголемо продлабочување на соработката и зацврстување на релациите.

Подарокот треба да се одбере според личноста, но кога станува збор за бизнис-релации, важно е подарокот да покаже и доза софистицираност. Во продолжение, прочитајте со какви подароци можете вистински да ги изненадите колегите.


Мини-фрижидер за во канцеларија

Доколку сметате дека подарокот треба да биде несекојдневен, но корисен, тогаш размислете за мини-фрижидер, кој ќе стои во канцеларијата на вашите бизнис-соработници. Доколку ги изненадите со мини-фрижидер, со сигурност ќе ги одушевите, а и ќе предизвикате низа спонтани прослави.

Мини-фрижидерите имаат елегантен дизајн и ќе внесат нов шарм и енергија во секоја канцеларија. Одлучете се за модел што го надополнува нивниот вкус и целата естетика на канцеларискиот работен простор.


Најдобро е да одберете подароци онлајн бидејќи понудата за бела техника е многу поголема во онлајн продавниците, каде што ќе да најдете модели со елегантен дизајн, но и кул ретро-модели.

Ексклузивни и скапи пенкала

Ако сакате да покажете софистицираност во изборот на подароци, одлучете се за ексклузивно пенкало, кое во бизнис-светот отсекогаш било симбол за елеганција. Подарувањето таков подарок е суптилен начин да се оддаде признание за посветеноста и за професионалноста на нивната работа.


Кога сакате навистина да оставите впечаток, можете да подарите пенкало со изгравирано име и презиме на личноста, што со сигурност ќе остави впечаток бидејќи со тоа покажувате внимателност при изборот на подарок.

Книга како подарок за сеќавање

Во текот на работата со нашите партнери и бизнис-соработници, имаме можност да дознаеме за нивните интереси надвор од сферата на бизнисот. Кога подаруваме книга, тоа значи дека сме вложиле време и сме размислиле за нивните лични интереси и сме одбрале нешто што е соодветно и интересно за нив.

Понекогаш една книга може да промени еден цел светоглед, а доколку напишете и убава посвета, книгата со години ќе остане во библиотеката на личноста што го добива подарокот и ќе послужи како потсетување на вашите успеси.

Вино за хедонисти

Ако подарувате на искусен познавач на вино, одберете шише од познат вински регион и бренд. Доколку буџетот ви дозволува, одберете вино од ограничено издание, кое најчесто доаѓа во специјално пакување и е најдобриот избор од една винарница.

Кога подарувате вино, потрудете се да биде добро спакувано за изненадувањето да биде целосно. Добро спакувано шише вино и сет вински чаши може да бидат одлична комбинација за колеги што уживаат во добра чаша пијалак по работниот ден.