Breaking News

Почувствуван земјотрес во Кичево и околината


Земјотрес со локална Рихтерова магнитида од 2,8 степени е регистриран изутрина во 1 часот и 27 минути 64 километри југозападно од Скопје од епицентралното подрачје Кичево.


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.лв/