Breaking News

Почнува проектот „Медиумите за ЕУ“


Евротинк – Центарот за европски стратегии и партнерите АЛДА и БИРС, денеска го почнуваат проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ќе се спроведува во наредните три години со поддршка од Европската Унија.


Целта на проектот е да се поттикне соработката меѓу медиумите, граѓанските организации и релевантните државни институции кои ќе работат во преговарачките процеси на земјата со релевантните институции од ЕУ, како и подобрување на квалитетот на информации и презентирање на состојбите и напредокот на Северна Македонија кон ЕУ за пошироката јавност во државата.


Тимот на проектот денска ќе ги претстави основните елементи на проектот и ќе го најави повикот за соработка со медиумите и медиумските професионалци, со граѓанските институции како и шемата за грантови.са/вг/