Breaking News

Петок Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.


Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во земјава, им го честита Рамазан Бајрам. цр/сп/


Скопје, 19 април 2023 (МИА)