Breaking News

Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта!


Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот.


RK Вардар е големо име во македонскиот спорт и низ годините донесе многу радост на домашната публика, ја направи земјата препознатлива насекаде низ светот и инспирираше многу луѓе со испишувањето на неговата приказна. Клубот во изминатиот период поминуваше низ тешка состојба, што поттикна повеќе македонски компании да го поддржат и да го вратат на препознатливите, победнички патишта. Пантелеон ГС е една од позериозните компании , која сега може гордо да се поврзе со еден од најголемите брендови во регионот.


„Како компанија сме горди што ја имаме таа можност да бидеме дел од спортската историја која ја испишува РК Вардар 1961 и силно веруваме дека клубот ќе успее да се искачи на нови спортски височини и ќе биде повторно фактор во врвниот ракомет. Сорабтката со РК Вардар 1961 за Пантелеон ГС е дел од корпоративната стратегија за поддршка на локалната заедница и опкружувањето во кое што работи, преку креирање на нови вредности и негување на традиционалните вредности и гордости, а со цел нашата земја да стане уште попривлечно место за живеење, изјави Влатко Палчевски, Административен Директор на компанијата Пантелеон ГС, при официјалното потпишување на договорот со РК Вардар.

Во Вардар, Пантелеон ГС ги препозна истите вредности и амбиции по кои се придржува и самата компанија – квалитет, успех и стремеж да се биде најдобра. Затоа и поддршката во вид на спонзорство дојде како логичен потег, во кој Пантелеон ГС препознава повеќекратна корист и придобивка.


Ракометниот клуб Вардар, неодамна доживеаја многу промени и работи напорно за да ја обезбеди иднината на клубот. Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во заедницата преку поддршка на општествено одговорни, зелени и добротворни проекти, а поврзувањето со РК Вардар е уште еден показател за заложбата на компанијата да го поддржи сето она што е вредно, а наше!