Breaking News

Паметни решенија за вашиот станбен и деловен простор, CN Solutions го отвори својот нов изложбен салон


Компанијата CN Solutions го отвори својот нов, ексклузивен изложбен салон. Во изложбениот салон можете целосно да ги искусите паметните системски решенија за станбени и деловни простории од брендовите Akuvox и Akubela. Компанијата е основана во 2020 година и претставува пионер на Македонскиот пазар во областа на интегрирани паметни решенија за домови, станбени и деловни објекти. Паметните системски решенија овозможуваат целосна автоматизација и контрола на уредите, контрола на осветлувањето, системите за греење и ладење, безбедносни системи, системи за видео надзор, видео домофонија. Автоматизацијата на овие системи придонесува за зголемена ефикасност и комфор во различните средини каде што се имплементирани. CN Solutions е ексклузивен застапник на брендовите Akuvox, Akubela, Tenon, MCO Home и Zipato за Македонскиот пазар.


Покрај продажба, компанијата CN Solutions благодарение на својот искусен тим нуди и конфигурација на системите по желба на клиентите, стручни консултации во врска со постоечки проекти, комплетна изведба на салобструјни и јакострујни инсталации, снабдување со компоненти, интеграција, конфигурација и поддршка по продажбата.


Еспоненционалниот раст и развој на технологијата придонесува автоматизацијата да стане дел од нашето секојдневие што е веќе евидентно во Европските земји и во светот. Целта на компанијата CN Solutions е да ги доближи овие технологии до македонските граѓани, да создаде навика за модерно и софистицирано живеење со што ќе им овозможи по висок квалитет на живот.


Производите и услугите кои ги нуди компанијата CN Solutions овозможуваат иновативен, но докажан пристап во повеќе сегменти од модерното живеење. Комплетен пакет на производи создадени да обезбедат технолошко збогатување во станбени, комерцијални и деловни објекти, кои покрај функционалност додаваат и вредност на секој проект. Посетете го изложбениот салон на CN Solutions на ул. Васил Стефановски 3 и запозјате се со можностите кои ги нуди модерното време!