Breaking News

Пакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art” 2023


Oбјавeни се добитниците на овогодинешниот конкурс „Trash for art 2023″ во организација на „Пакомак” и „Нула отпад”. И оваа година конкурсот предизвика големо внимание кај креативците од различни категории кои учествуваа со навистина интересни дела.


„Trash for Art” како дел од иницијативата за чиста и здрава средина, кој веќе традиционално се одржува со години, беше отворен за сите што сакаат да ја покажат својата креативност и да изработат уметничко дело направено од амбалажен отпад.


Ова се победниците во секоја од четирите компетитивни категории:
Категорија градинки:

1 место – награда 30.000 денари
„Камила”
Градинка “Борис Трајковски” од Демир Капија
2 место – награда 20.000 денари
„Пајо”
Градинка “Светот на Колорес” од Скопје
3 место – награда 10.000 денари
„Морски свет”
Градинка “Бамби” од општина Чашка


Категорија основни училишта:

1 место – награда 30.000 денари
„Змејот и витезот”
О.У. „Добре Јованоски” од Прилеп
2 место – награда 20.000 денари
„Магаре со цветна кочија”
О.У. „Блаже Конески” од Велес
3 место – награда 10.000 денари
„Пчела”
О.У. „Страшо Пинџур” од Неготино


Категорија поединци и други институции :

1 место – награда 30.000 денари
„Кобра”
Автор: Стефан Анчевски
2 место – награда 20.000 денари
„Желка, носач на животот”
Автор: Михаела Стојменовиќ
3 место – награда 10.000 денари
„Коњ”
Автор: Тамара Блажевска


Специјална награда од Прилепска Пиварница – 30.000 денари
„Лустер”
Автор: ЈОУДГ „Наша Иднина” – Прилеп