Paket.mk со инвестиција од 300.000 евра за иновации и експанзија низ Балканот


Од своето основање пред неколку години па сè до денес, Paket.mk значително влијаеше на е-трговијата во Северна Македонија. Сега, компанијата обезбеди инвестиција од 300.000 евра, предводена од Eleven Ventures, еден од водечките инвестициски фондови во Југоисточна Европа. Eleven Ventures е познат по инвестициите во брзо растечки компании како Payhawk, Gtmhub и Dronamics. Ова партнерство го потврдува цврстото позиционирање на Paket.mk како прв избор за пазарување на најдинамичниот сегмент на потрошувачи во Скопје.


Онлајн супермаркет секторот доживеа значителен раст за време на Ковид пандемијата. Сепак, на територијата на Западен Балкан сé уште не е воспоставен јасен пазарен лидер. Иако многу традиционални малопродавачи и апликации за брза достава се обидуваат да воспостават онлајн присуство, истите најчесто потфрлуваат во ефикасноста и понудата. За разлика од нив, Paket.mk обезбедува ефикасен и разновиден асортиман на производи што го диференцира во однос на конкуренцијата. Од големи брендови до уникатни органски производи со локално потекло, Paket.mk навистина ги задоволува потребите на урбаните купувачи. Оваа посветеност на разновидната и висококвалитетна понуда ја зацврсти нивната доминација дури и во услови на интензивна конкуренција од поголемите трговски синџири присутни во онлајн пазарот.


Пристапот на Paket.mk за онлајн купување се базира во користењето на напредна технологија и ефикасни процеси. Оваа стратегија им донесе забележителен раст од 400% за време на периодот на Ковид. Дури и во периодот по пандемијата, платформата ја продолжи својата нагорна траекторија, покажувајќи ја својата издржлвост и приспособливост на динамичните пазарни услови. Постојаните позитивни реакции од страна на корисниците дополнително ја потврдуваат нивната ефикасност и го позиционираат Paket.mk како водечка онлајн платформа за намирници.

Партнерството со Eleven Ventures не се однесува само на финансиски инвестиции. Тоа е одраз на вербата во визијата на Paket.mk, нивниот врвен квалитет на услуги и нивната  амбиција да се прошири и освои пазари низ поширокиот балкански регион.


Со оваа стратешка инвестиција, Paket.mk значително ќе го подобри својот асортиман на производи, трансформирајќи ја платформата во единствена дестинација за неделно пазарување. Фокусот ќе биде ставен на воспоставување партнерства со нови добавувачи, обезбедувајќи понуда која ги надминува очекувањата поставени од големите синџири на супермаркети. Ова проширување на палетата на производи дополнително ќе ја зацврсти посветеноста на Paket.mk за обезбедување на сеопфатно шопинг искуство, каде што се спојуваат квалитетот, разновидноста и практичноста.

Драган Јосифовски, ко-основач на Paket.mk, истакна: „Соработката со Eleven Ventures не е само признание за нашите досегашни достигнувања, туку е и поддршка на нашата стратегија што се базира на спојот на пионерска технологија, нашата посветеност кон иновациите насочени кон корисниците и нашите амбиции да ја редефинираме е-трговијата во регионот“.


Душко Јордановски, ко-основач на Paket.mk сподели: „Eleven е совршен партнер во нашата мисија за унапредување на е-трговијата во Северна Македонија. Настрана од капиталот, тие носат непроценливо богатство од искуство во секторот и огромна мрежа на експертиза“.

Ивајло Симов, партнер во Eleven Ventures, споделува: „Тимот на Paket.mk нé импресионираше со нивната енергија и трудољубивост. Тие работат на бизнис модел, за кој веруваме дека има потенцијал да се прошири во регионот, а Драган и Душко се вистинските луѓе да го сторат тоа“.