Breaking News

Оваа недела ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


На 30 март 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.


На сесијата ќе бидат презентирани трудовите:


„’Преговарај за својот удел’: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на транзицијата” од Марјан Петрески и Стефан Таневски, и „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија” од Борче Треновски и Дашмир Саити.

По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.


Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 29 март 2022 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.


На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.