Breaking News

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај.


На оваа изложба, прва од овој карактер, ќе биде презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски познати личности имаат ромско потекло.


Покрај ова, на изложбата ќе бидат наведени факти за денот 8 април, културата, јазикот, традицијата и мини ромски речник со зборови и нивен превод. сп/нд/

Скопје, 13 април 2023 (МИА)