Breaking News

Откупено архитектонското решение за Расадник на Меѓународниот балкански универзитет кое предвидува над 100.000 квадрати зеленило


Архитектонското решение за ДУП Расадник во Општина Кисела Вода изработено од академскиот и студентскиот тим на Меѓународниот балкански универзитет како квалитетно архитектонско решение се најде во најтесниот избор на жирито кое ги разгледуваше пристигнатитие трудови од меѓународниот конкурс и истиот како таков е откупен од Општината.


Ова претставува валоризација на трудот и квалитетот на целиот тим од МБУ кој, како единствен од земјава, успеа да се најде во најтесниот избор на комисијата и тоа во конкуренција со реномирани странски проектантски куќи. Трудот на МБУ за Расадник понуди идејно решение со над 100.000 квадратни метри зелена површина за жителите од Расадник и Кисела Вода.


Автори на проектот беа проф.д-р Александар Андовски, асс. д-р Марија М. Јанакиеска, Asst. MSC Надица Ангова Колевска, MSC Андреј Прошевски, како и студентите Фатих Сејфула, Садик Саипи, Есра Алити,Еди Адеми, Самир Бектеши, Арман Качанику, Абдул Керим Сејфула, Џениса Телак, Ревајет Абдирахмани, Белкизе Османи, Ангелина Стојковска и Астрит Лимани.

Оваа признаине, како што велат од Универзитетот, немаше да биде возможно без големата поддршка од ректоратот на Меѓународниот балкански универзитет и без посветената соработка помеѓу професорите и талентираните студенти. Ова секако е од особено значење и за студентите од Архитектонскиот факултет при МБУ во поглед на стекнување искуство бидејќи стекнатите знаења и своите идеи можеа да ги претстават уште во студентски денови на меѓународен конкурс.


Конкурс за скопската населба беше распишан во јули со цел да донесе иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода.

За резултатите одлучуваше деветчлено жири во чиј состав беа врвни меѓународни експерти од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и претставници од Партиципативното тело.


За првонаградени беа прогласени проектантските решенија од Хрватска и Грција, а третото место го освои проектантска куќа од Литванија.