Breaking News

ОН ќе се повлечат од Авганистан во мај доколку не ги убедат талибанците да дозволат жените да работат за Светската организација


Обединетите нации се подготвени да се повлечат од Авганистан следниот месец доколку не успеат да ги убедат талибанците да им дозволат на локалните жени да работат за организацијата, изјави шефот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Ахим Штајнер.


Претставници на ОН преговараат со исламистичката влада со надеж дека таа ќе направи исклучоци од наредбата издадена претходно овој месец со која им се забранува на жените да работат за организацијата, рече шефот на УНДП, Ахим Штајнер.


– Фер е да се каже дека во моментов целиот систем на ОН треба да направи чекор назад и да ја преиспита својата способност да работи таму, рече Штајнер. „Но, не станува збор за преговори за основните принципи, за човековите права, додаде тој.

Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан, имаше неверојатно малку знаци за економско закрепнување. Има одредено зголемување на извозот, стабилизирање на курсот и намалување на инфлацијата. Сепак, бруто домашниот производ (збирот на сите стоки и услуги произведени во Авганистан) се очекува да биде надминат од растот на населението. Ова значи дека приходот по глава на жител ќе се намали од 359 долари пријавени минатата година на 345 долари во 2024 година, се вели во извештајот.


Некои од тие економски проблеми се должат на талибанските политики кои спречуваат многу жени да работат, вели Штајнер. Овие економски проблеми укажуваат на поголема потреба од работна сила во Авганистан, но ОН одлучија дека не може да има дополнителни преговори за човековите права и дека ќе ја напуштат земјата следниот месец доколку талибанците не се предомислат. ссм/

фото: МИА архива
Њујорк, 18 април 2023 (МИА)