Околу 250 мостри пристигнаа на оценување за „Ракијада 2023″ во Кавадарци


Околу 250 мостри пристигнаа на оценување во рамките на фестивалот „Тиквешка ракијада 2023″ во Кавадарци, организиран од Здружението на производители и мали дестилерии за жестоки алкохолни пијалоци, „Ж”та“, во соработка со кавадаречката локална самоуправа и Вински музеј, информираше попладнево за МИА, Панче Арсовски, претседател на „Ж’та”.


Тој соопшти дека пристигнале мостри од македонски производители но и од Србија, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција. Оценувањето започнува утре, а фестивалот ќе се одржи на 24 мај во музејот, со музички хепенинг и дегустирање на производи од грозје.


На натпреварот за најдобри ракии, свои мостри можеа да испратат регистрирани мали дестилерии и индивидуални производители. Има неколку категории за оценување. Лозова жолта до три години, лозова жолта постара од три години, лозова бела, мастика, овошни ракии од слива, дуња, кајсија, крушка, вишна, ликери и останати ракии, траварици, џин, од други овошја. За над седум мостри од одреден тип ракии, се формира посебна категорија за оценување.

– На сите учесници се доделувааат дипломи со постигнати резултати и златни, сребрени и бронзени медали според пласманот, како и златни, сребрени и бронзени пехари за првите три најдобро пласирани од секоја категотија, голем златен пехар за севкупен победник за најдобри резултати во повеке категории и главната награда, казан за ракија. Оценувањето ќе го врши стручна петчлена комисија под раководство на професор доктор Нинослав Никиќевиќ и професор доктор Михаил Петков, појасни Арсовски.свд/бт/


Кавадарци, 9 април 2023 (МИА)