Breaking News

Охрид домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ


Министерството за внатрешни работи годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ – најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.


– Организирањето на конференцијата во 2023 година доверена на Република Северна Македонија се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј – 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство, напиша Спасовски на ФБ. цр/дма/


Фото:Фејсбук Оливер Спасовски

Скопје, 19 април 2023 (МИА)