Breaking News

Огромна возбуда околу Детската трка на Виталиа


Дефинитивно децата во нашата земја сакаат да трчаат, сакаат спортски активности и сакаат да се забавуваат. Над 1.200 пријавени деца веќе со нетрпение ја чекаат трката на 24.09 во Градскиот парк, а можноста за пријавување повеќе не постои поради голем интерес и пополнет број на учесници.


Браво за оваа иницијатива на Виталиа, која го погоди сензибилитетот и очекувањата на своите корисници од Скопје и останатите градови низ земјата. Даде добар пример како една компанија треба да ја развива својата општествена одговорност и да поттикнува здрави навики од најмала возраст.


Во оваа трка никој не губи, туку сите се победници, без разлика за колку време ќе се заврши трката. Сите деца ќе добијат пофалница за учество од Виталиа, бидејќи сите се дел од забавата. На крајот од денот, заедничката цел е да се активираме и преку забава да практикуваме здрави активности.

За поздравување е и желбата за спортска активност кај децата и проактивноста кај родителите, кои не само што покажаа интерес, туку и беа исклучително брзи со пријавувањето за трката.


Детската трка на Виталиа е закажана да се одржи на 24 септември, со почеток од 12:00 часот, а пријавените учесници ќе треба да дојдат порано за да можат да ги подигнат своите пакети. Пунктовите ќе бидат отворени од 8:00 до 11:00 часот. Трката ќе биде надгледувана од модератор и екипа од организација, која ќе помогне малите натпреварувачи да се распоредат и да го најдат патот до целта.

Во време кога сите укажуваат на важноста на физичката активност за здравјето и телото, Детската трка е организирана за да ги мотивира и да ги поттикне децата да трчаат и на тој начин да ги направи пораздвижени, разиграни и активни. Здравите навики се создаваат од најмали нозе и ако добро се негуваат може да траат цел живот, а го подготвуваат телото за предизвиците и животот кој е пред него.