Breaking News

ОФИЦИЈАЛНО НИ ЗУЦ ЗА ИЗБОРОТ НА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА Шибицарска тактика – сè се „гледа“, а ништо не се знае


Рокот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија речиси истекува, а сè уште нема официјална информација која компанија во следните пет години ќе снабдува околу 900.000 домаќинства и мали потрошувачи со струја.


Според последните најави од Владата од минатата недела, извештајот на Комисијата задолжена за спроведување на изборот на универзален снабдувач треба да се најде на следната владина седница. Владата треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на комисијата или ќе побара повторување на постапката, пишува Плус Инфо.


Јавниот повик за избор на нов универзален снабдувач беше распишан во декември лани, а заврши на 12 јануари кога три компании доставија свои понуди – ЕВН Хоум, ЕСМ Продажба и ЕДС. Оттогаш, за текот на постапката нема никакви официјални информации. И покрај големиот интерес и прашањата за текот на постапката, ниту јавноста ниту компаниите не добија информација кој ќе добие можност да се натпреварува за снабдување, кои компании ги исполниле условите во јавниот повик.

За целиот текст на Плус Инфо.