Breaking News

Одбележување на 16 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип


По повод 16 години од своето основање, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира серија настани посветени на годишнината.


Одбележувањето ќе започне во 11:00 часот со отворање на новите простории на Правната клиника при Правниот факултет, на кое, меѓу останатите, ќе присуствуваат и претставничката на Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Ирена Цуцулоска Јакимовска, меѓународниот консултант на Совет на Европа, Џон Имс и националниот консултант на Совет на Европа, Гоце Коцевски,


По ова ќе биде отворена изложба на Ликовна академија и ќе бидат одржани презентации на Технолошко-технички факултетет, на електронските туристички рути на Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и на видео приказната на Земјоделскиот и Факултетот за образовни науки.

Настанот ќе заврши со музички настап на џез одделот од Музичката академија. сп/мд/


Фото: МИА Архива

Штип, 28 март 2023 (МИА)