Од отпад до уметнички дела – започнува традиционалниот конкурс Trash for Art


Рециклирањето и креативноста се тесно поврзани.Пренамената на отпадните материјали за создавање на уметнички дела не само што го намалува отпадот туку и поттикнува имагинативно размислување и иновации. Пакомак ве повикува да му дадете нов живот на отпадот и да ги пријавите своите уметнички дела на Trash for Art наградниот конкурс.


Конкурсот е отворен за сите: возрасни и деца, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите предвидени се по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари).
Оваа година на конкурсот има и две специјални награди за најдобрите уметнички дела изработени исклучиво од амбалажа на Прилепска Пивара или од електричен отпад. Скулптурата од амбалажен отпад на Прилепска Пивара ќе биде наградена со 30.000 денари, додека најиновативното решение за скулптура од електричен отпад ќе биде наградено со 30.000 денари од Нула Отпад. Испратените уметнички дела кои ќе конкурираат во категоријата за дела изработени од електронски отпад треба да бидат со максимална височина од 150 см.


Учесниците своите уметнички дела треба да ги изработат од минимум 10 парчиња амбалажен отпад а можат да користат различни видови на амбалажа како лименки пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажа од козметика и од средства за чистење, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак, кеси од чипс, обвивки и сл. Сите употребени материјали треба да се спојат во едно уметничко дело, кое нема да има височина поголема до 150 см.
„Trash for Art“ оваа година трае од 2.4.2023 до 4.4.2023. Сите уметнички дела ќе треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија било кој ден од 2ри до 4ти април, со тоа што на 2ри и 3ти уметничките дела ќе може да се достават од 09.00 часот до 17.00, а на 4ти април од 09.00 до 13.00 часот.

Правило на конкурсот е дека еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда. Постои исклучок од ова правило а тоа е дека доколку учесникот пријави уметничко дело изработено од амбалажен отпад на Прилепска Пивара или од електричен отпад, ќе може со истото уметничко дело да добие награда во категоријата за специјална награди и да се натпреварува во останатите три категории на конкурсот. Учесниците ќе пополнат пријава за учество при подигнувањето на делата, не е потребно претходно пријавување.


Учествувај на конкурсот и докажи дека од отпад може да се создаде уметничко дело.

Дознај повеќе за Trash for Art, условите за учество и наградите на www.pakomak.com.mk или на Фејсбук страната на Пакомак: https://www.facebook.com/Pakomak.mk.