Breaking News

Од денес до сабота во МКЦ, по десетти пат PIN Music Conference and Showcase


Од 30 ноември до 2 декември 2023 година, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се одржи десеттото издание на PIN Music Conference and Showcase Festival.


Од четврток до сабота, откриј ја новата музичка сцена од Европа и светот на PIN MUSIC 2023! Taksirat Festival во рамки на овој настан ти претставува фантастична музика, од евровизиските Joker Out, преку шпанската сензација Maika Makovski, па до Греми-наградуваната Dobet Gnahoré, музика на светот, панк, метал, фадо, спој на различни стилови и традиции и МКЦ каков што не сте го виделе до сега!


Програмата почнува секоја вечер во 20:30! 50 концерти со бесплатен влез!

Целосната програма може да ја видите на следниот линк: https://pinconference.mk/programme/


ПИН музичката конференција е организирана со поддршка од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации HEMI Music Hub, проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.