Breaking News

Објавен конкурсот за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам


Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2023“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“


Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови од десет афоризми со шифра за секој труд.


Во категоријата карикатура секој автор може да учествува најмногу со три карикатури работени во техника по избор на авторот, со димензии А4, а на секоја кариктура треба да има податоци за авторот на задната страница.

Афористичарите и карикатуристите своите дела треба да ги испратат најдоцна до 16 февруари 2023 година, а жири комисијата ќе додели златна, сребрена и бронзена плакета со право на жирито да одреди дополнителен број награди.


Наградите ќе се доделат на 27 февруари 2023, кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела. рт/аа/

Струмица, 15 јануари 2023 (МИА)