Breaking News

Објавен е 20-тиот Меѓународен конкурс за стрип „Велес 2023“


Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот 20-ти Меѓународен конкурс за стрип „Велес 2023“.


Право на учество имаат автори од цел свет, без разлика на полот и возраста, а пријавувањето е до 10 август 2023, информираат од СЦМ-Велес.


Должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страница треба да биде со најмалку 5 сликички. Доколку стрипот е во боја, организаторите препорачуваат да се испрати преку пошта или да се достави лично на адреса: Стрип центар на Македонија-Велес ул.„Васил Ѓоргов“ бр 78 Велес. Стриповите можат да се испратат и преку е-маил :stripkonkurs@gmail.com

Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.


Учесниците кои што се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта, а заради раширување на информацијата, организирано пријавување, како и избор на тема за цртање.

Организаторите информираат дека на еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)


Од СЦМ-Велес потенцираат дека стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.

Од пристигнатите стрипови тричлена интернационална комисија ќе ги разгледа сите пристигнати трудови и ќе бидат доделени повеќе награди и признанија. Првата награда „Златен стрип“ е во вредност од 300 евра.


Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип во Велес, а со реална можност и за друг вид на промоција.ад/

Велес,14 јануари 2023 (МИА)